strumica denes logo

ПОЛИЦАЕЦОТ ДАЛ ЗНАК ДА ЗАСТАНЕ СО ВОЗИЛОТО ПОРАДИ ПОЖАР, ВОЗАЧОТ НЕ ГО ПОСЛУШАЛ И ГО НАВРЕДУВАЛ – С.И ОД ГРАДАШОРЦИ „ЗАРАБОТИ“ КРИВИЧНА!

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Хроника

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И.(28) од с.Градашорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 31.01.2020 на магистралниот пат на излез од Струмица, полициски службеник од СВР Струмица, додека вршел службени дејствија – регулирање на сообраќајот и не дозволувал движење на возила по патот во насока кон с.Добрејци, поради настанат пожар, дал знак за запирање на патничко возило „голф“, но пријавениот не послушал, го навредувал и продолжил да се движи по патот.