strumica denes logo

ЈАНИ БОЈАЏИ ДО СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР: ТЕАТАРОТ Е ПРЕТВОРЕН ВО БАХАНАЛИЈА НА ШАРЕНИ МАСКИ КОИ ГИ ПРОГОНУВААТ СИТЕ ОНИЕ ШТО НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ СО БЕДАТА НА НИВНИОТ ДУХ!

Автор:

Датум:

декември 28, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 28, 2019

Категории:

Струмица

Преземено од фејсбук профилот на Јани Бојаџи:

Драги мои, вечерва, мојот роден град Струмица е претворен во куклен театар во кој се одигрува последната претстава на ова бедна трупа составена од некадарници, недоветници и безрбетници!

Денес, на 27 Декември 2019, замислете, се прославува седумдесет годишнината од настан кој се случил на 2 Мај 1949 година!

Бруко и мизеријо од недоносени јункери што не ве бидува ниту омразата и зависта кон сите оние што го создавале славното минато на овој град и овој народ да го замаскирате и покриете со вашите самозамислени кариери на изнудени уметничари и интелектуатичари!

О бандо на некадарниници потонати во заблуда дека фалсикувајќи ја сегашноста ќе го фалсификувате минатото и иднината!

О вие арамолепци на духот потонати во бесознание на фактот дека самите сте фалсификат на едно време кое се имитира себе самото креирајќи пофалба на сопствениот духовен измет!

Драги мои, денес, мојот роден град е окупиран од неофашисти кои пред 3 години во концентрационите логори на квазидемократијата го затворија умот, а сега во гасните комори на уметноста го убиваат разумот.

Во овој момент во Струмица власта ја фалсификува сегашноста!

Вечерва, на прославата на седумдесетгодишнината од основањето на Народниот Театар “Антон Панов“ не се поканети и нема да присуствуваат бардовите Академик Митко Маџунков, режисерот Бранко Ставрев и наследниците на синонимот на струмичкиот театар Мите Грозданов!

Драги мои, ова е круна на фалсификувањето на минатото и традициите на Струмица кое пред 13 години го започна тогашниот градоначалник а сега премиер Зоран Заев. Тогаш, тој, фестивалот на камерен театар крстен по името на легендарниот Ристо Шишков го девалвира со тоа што играњето во чест и слава на патротонот со единствена награда за високо актерско достигнување наречена “Ристо Шишков“ ја претвори во смотра на самоизмислената иницијатива НЕТА основана од црвената буржуазија која, за да биде уште поодвратно, брутално го уби Ристо Шишков а подоцна и го уништи славното актерско семејство Шишкови!

Вечерва, Струмица е окупирана од безначајноста на едноклеточни организми кај кои има потполно отсуство на личност, морал и етика!

Вечерва Струмица е колонија на мекотели кои се лигаваат на креациите и достигнувањата на стотици струмичани кои себе си се запишале како достојни творци и уметници!

Денес во Струмица, театарот е претворен во баханалија на шарени маски кои ги прогонуваат сите оние што не се согласуваат со бедата на нивниот дух!

Ова вечер, ова власт ја посипува Струмица со пепелта на изгорените страници на историјата од која, убеден сум, наскоро ќе се крене феникс и духот на слободата кои овие момоци на примитивизмот не го уништиле ниту во Април 1941 година!

Смрт на простотијата – Слобода за уметноста!