На фејсбук е креиран евент кој за 5 часа собра повеќе од 200 заинтересирани граѓани. Се работи за организиран протест кој ќе се одржи во сабота на струмичкиот плоштад со почеток од 13:00 часот.
„Алармантна е ситуацијата со загадувањето на воздухот: бројките на ПМ честичките секојдневно растат, а ние гледаме што дишеме! Се труеме ние, ги труеме децата свои. Да се собереме во сабота и заеднички да кренеме глас, да ги мотивираме градските власти да превземат мерки против одговорните загадувачи кои ги знаеме сите! Ниту едни пари на светот неможат да ни ги обноват белите дробови, ниту една сума не купува здравје!“ – пишува во евентот.
Со кликнување ОВДЕ може да се придружите на протестот.