strumica denes logo

ВРАБОТЕНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД „САНДО МАСЕВ“ СО ЗАСАДУВАЊЕ НА ДРВЦА ГО ОДБЕЛЕЖАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ!

Автор:

Датум:

декември 4, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 4, 2019

Категории:

Струмица

Вработените и учениците од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, со претставници од општинската администрација, симболично со засадување на зимзелени дрвца, го одбележаа вчерашниот ден, 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Општина Струмица, на учениците во паралелките за аутизам, кои следат настава во рамките на ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, им обезбеди комплети со ученички прибор.
Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници. Овој ден се одбележува уште од 1992 година кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 3 Декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот.
За лицата со посебни потреби државата креира мерки и решенија за полесно вклучување во социјалната средина и полесно извршување на сите активности. Областите во кои се работи се образованието, вработувањето, домувањето, социјалната заштита и здравствената заштита на лицата со посебни потреби. Во стратешките документи на општина Струмица се планирани конкретни решенија, кои произлегуваат од идентификуваните проблеми за потребите од обезбедување на лични и образовни асистенти на лицата со посебни потреби, обезбедување полесен пристап до воспитно-образовните установи, инклузија на децата со посебни потреби, обезбедување стручен наставен кадар, вклучување во проектни активности за соработка со родителите на учениците со посебни потреби, обезбедување финансиски средства за асистивна технологија и технички помагала и ученички прибор.