strumica denes logo

СПОДЕЛУВАЈТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ НА РИСТЕ И ВЛАДЕ И НИВНАТА МАЈКА ХЕРОЈ!

Автор:

Датум:

ноември 28, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 28, 2019

Категории:

Струмица

Преземено од фејсбук објава на Филип Иванов:

Доколку сакате да помогнете обратете се ОВДЕ.

Ова се Ристе и Владе, и мајката херој Лиле.
Ристе и Владе се целосно неподвижни, и целосно зависни од грижата на нивната мајка, и луѓето околу нив. Таа од сопствен џеб плаќа негувателка (иако се потребни најмалку двајца) која доаѓа и секој ден го споделува нејзиното бреме. Тука е и Aco кој несебично се дава и залага за нив сите.

Иако државата досега би требала системски да се погрижи за нив, никој не нашол за сходно да го направи тоа. Друг муабет е тоа, во кој немам намера да влегувам.

Сакам да кажам, сега доаѓам од кај нив, ова семејство има реални потреби за кој некој реално треба да се погрижи. Како црква веќе се заложивме да направиме нешто значително за нив, но ќе треба и дополнителна помош, па тука има простор за секој еден што би сакал да помогне.

Имено, стреата на куќата треба да се направи, затоа што доаѓа зима, па тоа ќе направи огромна разлика во нивниот дом. Понатаму, на оваа мајка и треба машина за перење и сушење алишта, зашто самата многу пати пере на рака, покрај сѐ друго што работи, може да замислите. Сега во петок треба да заминат на бања, а им недостасуваат пари (600€) за двајца негуватели кои би патувале и престојувале со нив таму. И, нивна тековна потреба е да се плаќа уште еден негувател кој би доаѓал и би се грижел за нив покрај мајка им и негувтелката која веќе работи со нив. Тоа чини околу 200€ месечно.

Затоа, ако некој од Вас има на срце да притекне на помош, нека не се двоуми да ме контактира мене, или Ацо. И, да, споделете, не кошта ништо!

Нека Господ ве благослови!

П.С. Благодарам на сите што се јавија на објавата од вчера и помогнаа со пелени и млеко за бебчињата, веќе утрово им ги однесовме! ❤️