Граѓани кои живеат во населбата „Софилар“ до Струмица Денес испратија фотографии од нивната улица и велат дека се отсечени од светот кога и да заврне дожд.
„Наликува на се’, само на улица не. Нашите деца не можат да одат на училиште, а такси службите не сакат да вршат превоз. Од општината само ветуваат а ништо немаат преземено за да се реши проблемот“ – вели еден од граѓаните.
Во продолжение погледнете ги фотографиите: