АКО ПРОДОЛЖИ ВАКА, СТРУМИЧКАТА ГОРДОСТ БЕЛАСИЦА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ПРВАТА ЛИГА, ПАДНА И ТИКВЕШ ВО КАВАДАРЦИ!

октомври 21, 2019

Во дербито на колото, ФК Беласица беше подобриот противник и се враќа со трите бодови од Кавадарци! Резултатот го отвори Мирчевски Мартин во 16та минута. Во 82ра минута ГФК Тиквеш го израмнија резултатот, а во судиското продолжение Мирчевски Мартин со уште еден погодок го постави конечниот резултат. Честитки до фудбалерите и стручниот штаб за херојски издвоената победа!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ