strumica denes logo

(ФОТО) АКЦИЈА ВО СТРУМИЦА: ОТКРИЕНИ 27 МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАН И ПАКИСТАН!

Автор:

Датум:

октомври 7, 2019

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

октомври 7, 2019

Категории:

Хроника

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за гранични работи РЦ за ГР “Исток“ и РЦ за ГР “југ“ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против ДМ (22) од Богданци и ИС (39) од с.Селемли, општина Богданци, поради постоење на основи на сомневање дека двајцата сториле кривично дело “криумчарење мигранти’ предвидено во чл. 418-Б од КЗ на РМ. На ден 06.10.2019 година, околу 11,00 часот, по претходни оперативни сознанија било забележано ТМВ “Цитроен“ натоварено со мигранти кое се движело кон Струмица. Веднаш возилото било проследено истовремено биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица. Возилото продолжило да се движи по улиците во Струмица а откако пријавените увиделе дека се следени и на даден знак од полициски службеници не застанале, по што се упатиле по земјен пат кој води кон ниви и викендици.

Кога дошле пред една од викендиците на патот имало паркирано ПМВ Мерцедес, истите со големна брзина сакајќи да поминат помеѓу оградата и запреното ПМВ, не успеале и со ТМВ “Цитроен“ удриле во запреното ПМВ притоа соборувајќи ја и металната порта по што возилото било оневозможено да се движи. Бидејќи не можеле да продолжат понатаму, преку совозачкото седиште двајцата пријавени побегнале. Од страна на полициски службеник кој почнал да ги брка бил фатен второпријавениот ИС и истиот веднаш бил лишен од слобода. На лице место излезена е увидна екипа од СВР Струмица и од извршениот преглед на ТМВ било констатирано дека внатре има 27 мигранти и тоа: 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, од кои 2 малолетници. Околу 16,50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица во непосредна близина на местото каде што е пронајдено ТМВ бил пронајден и првопријавениот. По наредба на ОЈО за ГОКК, двете пријавени лица се лишени од слобода и задржани во просториите на ПС од ОН Струмица, по обавениот разговор се предени во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.