Екипата на Академија Пандев вчера го одигра последниот натпревар пред настапите во Лигата на Европа и дуелите со Зрински. Вчера струмичкиот тим беше поразен од Монтана со 3:2.
Стрелци на головите за „академците“ беа Дориев и Крстовски.
Мечот се одигра на тренинг комплексот на Академија Пандев во Струмица.