strumica denes logo

ЛЕГЕНДАРНИОТ ИГОР ЏАМБАЗОВ ЌЕ ЈА ОТВОРИ МУЗИЧКАТА СЦЕНА НА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТ 2019!

Автор:

Датум:

мај 28, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 28, 2019

Категории:

Струмица

Отворањето на музичката сцена на Чешмичката ќе биде во знак на извонредниот спој на рокенролот, џезот и блузот.

Во петок, 9 август, на првата музичка вечер ќе настапи легендарниот македонски актер, водител и шоумен Игор Џамбазов заедно со неговиот блуз-гуру, Игор Атанасовски алијас Гуру Харе. Највеселиот #ритамнаградот ќе го дополниме со совршен избор на легендарни македонски рок песни отпеани од Јовче Пандев.

Во сабота, на 10 август атмосферата ќе ја загрее локалниот бенд ДАКТИЛИ. Вистинската рок експлозија на #соф2019 ќе се случи со долгоочекуваниот концерт на АРЕА во Струмица. „Фреквенција на љубовта“, „Колку ми значиш“, „Сите мои слики“, „Дозволи ми“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“… се само дел од хитовите на популарниот бенд.

Музичката програма на Чешмичката ќе трае од 9 јули до 15 август.