strumica denes logo

ПРОТЕСТ ПРОТИВ РУДНИКОТ ИЛОВИЦА-ШТУКА, ОРГАНИЗАТОРИТЕ ИСПРАТИЈА АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА СИ ЈА ЧУВААТ ПРИРОДАТА!

Автор:

Датум:

мај 26, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 26, 2019

Категории:

Струмица

Денеска во Струмица се одржа протестен моторизиран карван низ повеќе населени места и во Струмица на активисти кои се против отварањето на рудникот Иловица-Штука. Организаторите изјавија дека граѓаните не треба да дозволат да им се загади природата, туку да ја зачуваат својата средина здрава и чиста.

ЗДРАВА КОТЛИНА:

ХРАБРО, ЈАСНО И ГЛАСНО

Почитувани,
Денес 26.05.2019 во попладневните часови, по патиштата и населените места ширум Струмичката котлина се одржа нашиот алармен протестен моторизиран караван. За три ипол часа со намалена брзина на движење во колона поминавме околу 65 км. Најпрвин по булеварите на Струмица, потоа по главните улици во Дабиле, Робово, Муртино, Моноспитово, Бориево, Турново, Секирник, Зубово, Ново Село, Сушица, повторно во Секирник и Турново, потоа во Штука и Иловица, за на крај преку Босилово и Дабиле да се вратиме на стартното место во Струмица.

Насекаде бевме срдечно пречекани со овации и знаци на подршка од страна на месното население. На чаршијата во Ново Село дури ни делеа вода за освежување. Во Сушица и Штука речиси цело село беше излезено на улиците да не пречека. Добивме подршка дури и од возачите на кои со нашиот караван времено им го стопиравме движењето.

Посебно не израдуваа глетките на насобраните жители на сред село во Муртино, Моноспитово и Иловица, каде сите и стари и млади со радост на лицата ни упатија силна подршка – „Бравоо деца!“, „Рудник нема да има!“, „Нема да им дадеме рудник да отворат!“, „Ураа!“…

Им благодариме од срце на сите кои го издвоија своето слободно неделно попладне и ни се приклучија во караванот. Со пристигнатите на караванот 70-80 моторни возила се створи скоро километарска колона. Цело време од импровизираната бина на водечкото комби гласно ечеа паролите:

„Од сите нас зависи, да ги спасиме нашите деца!“

„Не сакаме минирањето да биде наше секојдневие!“

„Одземете ја истечената концесија за проклетиот рудник!“

„Закон за сите или за никој!“

„Стоп за рудници!“

„Нашата судбина во наши раце!“

„Стоп за рудникот на смртта Иловица-Штука!“

„Наша котлина – наш дом!“

„Разбудете се да не заспиеме засекогаш!“

Се надеваме дека оваа јасна и гласна порака упатена од сите граѓани каде што денес поминавме, ќе биде примена од надлежните. Се што бараме е почитување на законот. Законот или ќе важи за сите подеднакво или за никого. Ова беше предупредувачки алармен протест. Во спротивно спремни сме, заедно со остатите здруженија од Југоистокот да излеземе на уште побројни и помасовни протести и блокади.

Решени сме да се избориме за нашите права докрај и да го заштитиме нашето родно огниште од корпоративните натрапници, спремни да го уништат само за да остварат профит. Затоа што ние – жителите на Струмичкиот регион, резервен дом и резервна татковина немаме!