strumica denes logo

ВО МАРТ И АПРИЛ ПРИЈАВЕНИ 179 ПРОБЛЕМИ ВО СТРУМИЦА ОД КОИ 141 СЕ РЕШЕНИ!

Автор:

Датум:

мај 22, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 22, 2019

Категории:

Струмица

Граѓаните на Струмица континуирано ги користат услугите на општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми. Во месеците март и април биле пријавени вкупно 179, од нив решени се 141 проблеми, а останатите 38 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 98, од областа на собирање смет 32, водовод и канализација 31, паркови и зеленило 13 и општински инспекциски служби 5. Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.