Првиот натпревар во финалната серија во одбојкарскиот шампионат на Македонија донесе победа за бранителот на титулата Џио Струмица. Струмичани доминантно и со три убедливи сета (25-19, 25-17, 25-21) ја совладаа Шутова и стигнаа до предност од 2-0.
В четврток на вториот финален меч шампионот ќе има можност да ја затвори серијата и да стигне до седмата домашна титула во својата историја.
Финалето започна со предност од 1-0 за Џио Струмица поради подобриот скор во регуларниот дел од сезоната.
Aко стигнат до титулата струмичани ќе ја одбранат двојната круна која што ја освоија и минатата година.