strumica denes logo

САЕМОТ НА КНИГАТА ОБЛЕАН ВО СОЛЗИ!

Автор:

Датум:

мај 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 14, 2019

Категории:

Култура

На 12.05, саемот на книгата беше облеан во солзи кога на штандот на издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО младите 2бона згрмеа најјако!

Марио Јелиќ и Антонио Стојановски, познати како 2 бона, денеска беа гости на штандот на издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО за време на саемот на книгата. Штандот беше преплавен со тинејџери кои со солзи во очите нетрпеливо чекаа да стигнат на ред до нив и да го добијат својот автограм и селфи.

„Денеска 2 бона беа наши специјални гости, го потпишавме договорот со кој што ПРОСВЕТНО ДЕЛО стана официјално нивниот партнер, а нашите гости имаа можност да дознаат нешто повеќе за нив“, ни изјавија од издавачката куќа.

Саемската посета на 2бона беше вистинско изненадување, па допрва овие двајца талентирани момци ќе го покажат својот пламен во проектите што ги подготвуваат само за вас.

Нивната најнова објава беше траката ALL EYES ON US, погледнете за што станува збор на видеото!