Премиерот Зоран Заев денеска во резиденцијата на претседателот на државата на Водно остварил одделна средба со папата Франциско.
„На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата. Ја истакнав заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа“, изјави премиерот
Кон крајот на средбата, на премиерот и на папата Франциско имсе приклучија и сопругата и ќерката на Зоран Заев.