strumica denes logo

АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЈА ПОСЕТИ СТРУМИЦА: ПРЕД БИСТАТА НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ОДБЕЛЕЖАНИ 58 ГОДИНИ ОТКАКО СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ ГО ЛАНСИРАШЕ ПРВИОТ ВСЕЛЕНСКИ БРОД!

Автор:

Датум:

април 12, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 12, 2019

Категории:

Струмица

Во посета на општина Струмица денеска беше амбасадорот на Руската федерација,
Сергеј Баздинкин. По повод 58 години од кога Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Восток-1“, со што советскиот космонаут Јуриј Александрович Гагарин стана првиот човек во вселената, градоначалникот Коста Јаневски и амбасадорот Баздинкин, положија цвеќе пред спомен бистата на Јуриј Гагарин во Струмица.

Според градоначалникот Јаневски, бистата на Гагарин е само еден доказ за доброто пријателство меѓу Руската Федерација и Општина Струмица.

-Споменот за големиот космонаут го чува и Струмица преку оваа биста на Јуриј Гагарин, дело на познатиот руски скулптор, академикот Григориј Потоцки, кој е автор и на споменикот посветен на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, како и на спомен обележјето на жртвите во пожарот на струмичкиот рид.
Бистата на Јуриј Гагарин која веќе 7 години го краси овој дел од Струмица, е само еден од многуте докази за доброто пријателство и соработка помеѓу Амбасадата на Руската Федерација и Општина Струмица. Се надевам дека таа соработка ќе ја негуваме и унапредуваме и во иднина. Нека е вековит споменот за Јуриј Гагарин и за денешниот историски ден, рече во своето обраќање градоначалникот Јаневски.

Амбасадорот Баздникин рече дека подвигот на Јуриј Гагарин не бил само моќен продор во истражувањето на вселената, туку и олицетворение на херојството и самопрегорот на рускиот народ, а летот на „Восток“ означил нова ера во историјата на цивилизацијата.