Интерактивна средба со еминентни автори од Србија и Бугарија на која ќе се зборува за нивното творештво, за балканската литературна и културна сцена, за предизвиците на со кои се соочуваат авторите од овие простори, за јазичните бариери и блискости како и за тоа каков е односот на македонската книжевна сцена во однос со оние од соседството.
Марија Павловиќ (Лесковац, Србија, 1984) е авторка на кратки приказни (Американски сон, Дискополис, Диско инферно, Се е во ред), на драмскиот текст „Чудниот случај на Госпоѓата Џекил и Докторката Хајд“ (изведен како аудио-визуелен перформанс во UK „Parobrod” во Белград), на песните (Императиви), на збирката кратки раскази „Хорор приказни од секојдневието“ и романот 24, кој се најде во поширокиот избор за наградата НИН. Има учествувано на регионални фестивали и иницијативи, како што се фестивалот на кратки приказни Kikinda Short, UN проектот Писатели за иднината реализиран во Босна и Херцеговина, црногорскиот фестивал Литераторија и програмата Во соседството на здружението КРОКОДИЛ. Приказната Rapid Euro Movement е преведена на унгарски и објавена е во антологијата на современата српска книжевност Hogyan legyél mesterlövész? / Како да станеш снајперист?. Со подршка на здружението КРОКОДИЛ и шведскиот институт престојуваше на островото Готланд во Шведска во тек на кој нејзиниот расказ Memoari Ptolomeja Tenie Soliuma III е преведен на шведски јазик. Живее и работи бо Берлин, каде е на докторски студии од компаративна книжевност на Freie Универзитетот.
Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Дипломирал режија за драматичен театар во НАТФИЗ во 2010 година, а во 2017 година магистерска програма “Театарската уметност”. Има номинации и награди од различни конкурси за поезија, проза ( “Развој”, “Светлоструй”, “Веселин Ханчев”, “Екстази – списание. Алтер”). Со романот “Како што мажот ja бакнува љубената ” победи на конкурсот за нов бугарски роман “Развој” во 2007 година Подоцна издава зборникот со раскази “Приказни во минато време” (2010, ИК “Janet 45”) и романот “Тивкото сонце” (2012, Janet 45), „Малиот бог на землjотресот“ (2019, Janet 45). Има публикации во периодичниот печат, преводи на раскази во Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Германија и САД. Има спектакли на сцените на повеќето од големите театри во Бугарија (Народен театар “Иван Вазов”, Сатирична театар “А.Константинов” ДТ “С. Бъчваров” Варна, ДТ “С. Огнянов” Русе, ДТ “Г. Милев” С. Загора итн.). Во периодот 2017-2018 година е драматург на Драмски театар „Стојан Бачваров“ во Варна. Во театарот е работил на текстови на автори како Едвард Олби, Жорди Галсеран, Сара Рул, Шекспир, Молиер. Негови престави са били гости на разни фестивали и форуми во Србија, Романија, Косово и Црна Гора.
Модератор на вечерта – Далибор Плечиќ.
Организација – Здружение за култура Транзен во соработка со Готен – Скопје.