Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм беа паднати насекаде во светот. Голем број корисници не можеа да пристапат до мрежите и својата лутина ја истураат на Твитер.
Од Фејсбук им се извинуваат на сите корисници на нивната мрежа и на апликациите , поради тоа што има технички проблем. Во целиот свет се пријавени проблеми во исто време , околу 17.30 часот вчера.