Како што во животот се случуваат и радосни и тажни работи, така е и со спомените. На еден таков убав спомен (само за Вечер-vecer.press), сега испомешан и со тагата, а кој по смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ добива се повеќе на свое значење и своја тежина, се присети нашата популарна фолк пејачка Сузана Гавазова. Таа со сопругот Јасмин, а со тоа и сите свои обожаватели, пријателите и роднините ги враќа во деновите на нивната свадба кога им пеел како специјално поканет за таа свечена прилика, токму тој – Шабан Шаулиќ!
– Свадбата која ја направивме јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ се случи на 8 август во 2014 година во Струмица, а на нашата свадба ни пееше кој ако не кралот на музиката Шабан Шаулиќ, со тага ни раскажува Сузана, не можејќи се уште да поверува во тоа дека кралот на убавата фолк песна го нема веќе мeѓу живите.
– Мојот сопруг е навистина голем љубител на песните на Шаулиќ и тоа пред се беше неговата голема желба тој да ни пее на свадбата. Се разбира дека немав апсолутно ништо против, токму напротив бев воодушевена што на нашиот најрадосен ден можевме јас и Јасмин со сите наши гости да уживаме во многубројни песни и маестралното пеење на легендарниот Шабан, ни раскажа деновиве само за “Вечер”, атрактивната фолкерка.
ЦЕЛОСНАТА ВЕСТ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК