strumica denes logo

РЕЦЕПТ: Највкусната бајадера која се подготвува за 20 минути!

Автор:

Датум:

јануари 16, 2019

Категории:

Рецепти

Автор:

Датум:

јануари 16, 2019

Категории:

Рецепти

 

  •  Потребни состојки:
    9 лажици вода
    200 грама шеќер
    150 грама мелени ореви, бадеми или лешници
    250 грама мелени бисквити
    170 грама маргарин
    100 грама чоколадо за готвење
    1 лажиче рум
  • За прелив:
     100 грама чоколадо за готвење
    1 лажиче масло

Подготовка
Во тенџере додадете ја водата и шеќерот и загрејте на умерена температура. дури шеќерот не се растопи комплетно. Додадете го маргаринот, тргнете од оган и мешајте дури не се растопи.

Кога маргаринот ќе се растопи, додадете ги оревите и бисквитите и мешајте дури не добиете густа и компактна маса.Добиената содржина, поделете ја на 2 дела.

Чоколадото растопете го на пареа и размешајте го со едниот дел, а во другиот ставете малку рум.На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата (тој со чоколадо) и со раце обликувајте квадрат.Врз него, на истиот начин, ставете го и другиот дел од смесата.

Остатокот од чоколадо растопете го на пареа, додадете малку масло и прелијте ја бајадерата. Бајадерата ставете ја во фрижидер да се излади, а следниот ден исечете ја на на коцки со големина по желба.