strumica denes logo

7 особености на куќните слави во Струмица

Автор:

Датум:

декември 21, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 21, 2018

Категории:

Култура

Куќните слави за време на имендени се едни од најубавите собири на потесното и поширокото семејство на домаќините, но и настани на коишто речиси секогаш се случуваат 5 вообичаени работи:

  • Секогаш има еден гостин што има испиено малку повеќе и што зборува доволно гласно за да го слушнат речиси сите гости
  • Секогаш има одделни гости кои пристигнуваат после 23 часот, време предвидено за веќе заминување на гостите. Со нив се седи до рано наутро.
  • На славата никогаш не се изоставува темата за политика – секогаш се присутни минимум двајца спротиставени претставници на ВМРО и СДСМ кои се фаќаат збор за збор и така тераат се’ до заминувањето од гости
  • Менито мора да вклучува пирошка и соленки
  • Неизоставен дел од музиката за расположение е ДМ САТ телевизија и српските турбофолк песни
  • Гостите своето заминување го најавуваат со побарување на парчето торта што ги следува
  • Домаќините добиваат десетици бомбоњери и украсни винa, кои потоа ги носат на наредна слава