strumica denes logo

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈАТА НА БЕЛАСИЦА: Речиси цел месец гори планината, никој не го гасне пожарот – мештаните исплашени дека некој намерно ја пали шумата!

Автор:

Датум:

ноември 18, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

ноември 18, 2018

Категории:

Хроника

Извор: INFOMAX.MK

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Како што пренесува порталот INFOMAX, веќе 20-ти ден гори борова и букова шума на планината Беласица, над селото Габрово, а информирацијата ја потврдуваат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица. Со оглед на големината на пожарот бројот на 12 вработени кои се испратени д Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица да се справат со пламената стихија на планината е премал

Во пожарот според досегашните информации биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор, а не се исклучува можноста многу поголема површина на шума да е уништена при пожарот. Од шумското препријатие во Струма шпекулираат дека откако почнала ловната сезона, се почесто има и пожари на планината Беласица и затоа апелира до сите кои се движат низ шумата, особено ловците, да бидат повнимателни и да не палат оган на отворено- стои во текстот на INFOMAX.

Според познавачите, во минатото кога имало пожари на Беласица, се интервенирало итно, а по потреба се вклучували и „Канадери“ за да се изгасне пожарот бидејќи планината над Струмица се смета за една од најважните дрвни ресурси на државата-пишува порталот INFOMAX.