Соопштение на Еуромакс Ресоурцес:
Еуромакс Ресоурцес сака да истакне дека ги поддржува сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива и ја поздравува секоја активност која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Но, според нас, тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница.
Еуромакс Ресоурцес не беше контактиран за денешниот настан во Струмица организиран од локални невладини организации и Еуромакс не се залагал за негова промоција или спречување.
Остануваме отворени за комуникација со сите засегнати страни.
Со почит