Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ѝ се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека нѐ помилува и спаси. Амин.
21 октомври – Спомен на Седмиот Вселенски Собор
ТЕХНОКЛИМА НАСКОРО И ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА „ЛЕНИНОВА“
ТЕХНОКЛИМА со постоење од 2000-та година, наскоро и во Струмица на локација ул Ленинова бр 102 Струмица. ТЕХНОКЛИМА е една…
Кривична пријава за „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе…
КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШИЛЕ ГРАЃАНИТЕ ЛАНИ НА НЕДВИЖНОСТИ?
Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп на недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и…
Откриен петти случај на штетна материја во зеленчук од Македонија
Штетни хемикалии се откриени во зеленчукот од Македонија по петти пат во изминатата година во Хрватска. Како што е соопштено…
ЕВРОПА И АФРИКА ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ТУНЕЛ
Возот од Мадрид до Казабланка, преку новиот тунел под Гибралтар, би се движел пет и пол часа Светското првенство во…
Доколку патувате во странство деловно или поради задоволство, вреди однапред да ги планирате местата, па дури и земјите доколку се…