strumica denes logo

СООПШТЕНИЕ ОД ЛЕВИЦА ДО СТРУМИЧАНИ: БОЈКОТ-ЕДИНСТВЕНО СРЕДСТВО ЗА САМООДБРАНА!

Автор:

Датум:

септември 24, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 24, 2018

Категории:

Култура

Почитувани граѓани на Струмица, на претстојниот референдум на 30-ти септември 2018 година, од народот во Република Македонија се бара да донесе одлука за аминување на спогодбата со Грција со цел промена на уставното. Ова се бара заради приближување кон Нато и наводно отворање на процесот за членство во Европската Унија.Левица како антимилитаристичка партија е против членување во НАТО и против спогодбата со Грција поради повеќе причини и единствена опција е бојкот на претстојниот референдум.

Владата и останатите заговарачи на членството во НАТО се обидуват да ни ја продадат приказната дека членството во НАТО ќе донесе економски просперитет и подобрување на демократските процеси во државата. Па да ги погледнеме примерите на Швајцарија, Австрија, Финска Шведска и др. На овие земји не им беше потребе НАТО за да станат едни од економски најразвиените земји во Европа. На ова ќе добиеме одговор, ајде да се споредуваме со земји кои имаат слично опкружување како нашето. Бугарија и Романија станаа земји членки во 2004 година, Албанија стана членка во 2009 година. Нивното членство не придонесе за подобрување на нивната економска ситуација, па и по 10 години во нивното членство се уште имаат големи економски проблеми. Голем дел од населението во Романија и Бугарија се иссели, младите во Албанија не гледаат светла иднина од влазот во НАТО, а како најголем показател за катасрофалната економска ситуација е самозапалувањето на 7 луѓе на социјалните протести во Бугарија во 2013 година. А доказ дека НАТО не носи демократија е Турција. во Турција демократските процеси се најниско ниво, истакнати поранешни и сегашни спортисти не можат да се вратат во земјата, поради несогласување со политиката на власта.

Од аспект на безбедноста, постојано ни се пласира дека НАТО ќе ни ги гарантира границите и членството ќе обезбеди внатрешен мир. Најпрвин, Македонија нема воен непријател од кој НАТО би не бранел, а тврдењата за нарушување на внатрешниот мир на меѓуетничка основа се измислици и тенденциозни. НАТО никогаш не разрешил внатрешен проблем на земја членка, а дополнително изјавите овие изјави за внатрешната ситуација во државата се даваат за поттик на таков судир, а не дека има реални шанси за такво нешто.

Од друга страна спогодбата со Грција има повеќе недостатоци, кои ја прават неповолна за Република Македонија. Со оваа спогодба Македонија е ставена во подредена улога, бидејќи се бара да исполни повеќе обврски, без реална придобивка од истиот, се негире основно човеково право за самоопределување со барањето промена на уставното име и се спроведува во целост националистичката политика на грчките власти, уште од денот кога Република Македонија прогласи независност.
Доколку се погладне владината кампања за гласање на референдумот, како најголема придобивка од прифаќање на спогодбата е продвижување на процесите за членство во Европсаката Унија. Тоа е уште една од лагите на власта, бидејќи поради катастрофалната состојба во економијата, криминалното судство, растечката корупција, лошите демократски процеси, во кои не доведоа сите владејачки структури во последните 27 години, денот за влез во Европската Унија е далечен. За да се остварат критериумите за влез во Европската Унија е потребна макотрпна работа за реформирање на администрацијата, судството со цел намалување на корупцијата, криминалот и конечно подобрување на економската состојба во земјата. Наместо тоа, наместо суштински напреок, владата се зафати со промена на уставното име на државата.
Затоа Левица го повикува народот на масовен БОЈКОТ на референдумот, како единствено механизам за самоодбрана.