После одржани два селекциони натпревари по природните науки кои во текот на месеците јуни и август, се реализираа во организација на Друштвото на физичарите на РМ, Сојузот на хемичарите и технолозите и Македонското биолошко друштво, ученикот Димитар Џорлев од Струмица, се пласираше за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која во месец декември оваа година, ќе се одржи во Боцвана, Африка. Тимот составен од шест ученика, кои ќе ја претставуваат Република Македонија, ќе се натпреварува во областа на природните науки низ прашања и задачи опфатени преку тематската целина „Откривање, иновации и животна средина“.
Струмичкиот ученик, со голема поддршка на своите родители и поддршка на општина Струмица, досега во повеќе натпреварувачки области освои голем број на награди на државно и меѓународно ниво, а овој предизвик на светско ниво ќе му биде добредојден за влез во водите на средното образование. Ученикот во оваа учебна година го заврши основното образование во ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица и се запиша во прва година во СОУ „Јане Сандански“ од Струмица.