strumica denes logo

(ФОТО) МЛАДИТЕ ОД САЧЕВО ПОРАЧАА: ОПШТИНА СТРУМИЦА ДЕСЕТ ГОДИНИ НЕ МРДНУВА СО МАЛИОТ ПРСТ, МОРАВМЕ САМИТЕ ДА ГИ ЗАКРПИМЕ ДУПКИТЕ!

Автор:

Датум:

јули 6, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 6, 2018

Категории:

Култура

Денеска младите од Сачево самоиницијативно ги закрпија дупките и го санираа патот Струмица-Сачево. На нивно барање за донација за да можат да го реализираат одговори фирмата Портланд и им донираше бетон,песок и други потребни репроматеријали.

„Ние младите од Сачево одлучивме да го санираме патот Струмица-Сачево бидејќи буквално бевме одсечени од градот. Општина Струмица веќе десет години не мрднува со малиот прст за нас. Се надеваме дека овојпат ќе бидеме слушнати од надлежните и ќе добиеме пат како што заслужуваме„ – изјавија група на млади од Сачево.