Во текот на денешниот неделен ден продолжува нестабилната атмосфера над нашата територија, стои во временската прогноза на Славчо Поповски.
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повторно локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.