На 13.05.2018 се одржа пеесетиот по ред државен шампионат во традиционално карате во борби-кумите. Карате клубот ШИХАН од Струмица зеде учество во повеќе категории со 6 натпреварувачи. Во женска категорија во Кихон-ипон во борби прво место зеде Александра Стојановска, второ место Снежана Пеливанова, трето место Невенка Малинова.
Истите девојчиња се натпреваруваа и во категоријата џиу-ипон-кумите каде Невенка Малинова зеде прво место, Снежана Пеливанова второ место и Александра Стојановска трето место.
Во машка категорија пак Максим Илиев зеде второ место во категоријата џиу-ипон-кумите. Финалните борби беа во сениорска категорија каде Стојан Костадинов зеде трето место а Спасе Стојанов прво.