strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ: ТРОЈЦА БОЛНИ БРАЌА ВО СТРУМИЦА ЖИВЕАТ БЕДНО-ПОТРЕБНА ИМ Е НАША ПОМОШ!

Автор:

Датум:

март 10, 2018

Категории:

Хуманост

Автор:

Датум:

март 10, 2018

Категории:

Хуманост

 

Без основни услови за живот, во куќа полна со влага и кров кој и при најслаб дожд  прокиснува од секаде , вака живеат тројца браќа од Струмица.  Подовите им се само гол бетон, креветите на кои спијат во распаѓање, а како кујна ја користат руинираната бања . И тројцата се со здравстевни проблеми и неспособни за работа, а единствениот приход им е социјалната помош од 3800 денари.   Лошата состојба на куќата не е единствениот проблем на браќата  Ристо , Јоже и Бојан , тие имаат потреба буквално од се. Немаат постелнина, облека и она основното доволно  храна.

-Трпиме гладни без храна, без ништо. Трпиме и постојано бараме по луѓето за едно парче леб. Ни дваат по некој  денар да си купиме леб. Тука во собата што капеше на струјата избувна пламен по цел кабел и можеше да не убие, вели Ристо Ѓоргиев.

Со тажната животна приказна на овие тројца браќа не запознаа нивните соседи. Велат тие се трудат секојдневно да им помогнат онолку колку што можат, но тоа не е доволно и затоа решиле јавно да побараат помош и на тој начин да помогнат ако не повеќе барем да се санира домот.

-И тројцата се со здравствени проблеми, не разбираат од пари. Може и струја тука да ги убие. Џабе пари, кај  нив парите не значат ништо, единствено да им се помогне колку што може со храна со гардероба, со бела техника, со покрив на куќата што врне од сите страни, вели Сузана Мишиќ- соседка.

Браќата Ѓоргиеви велат дека најсреќни би биле кога би можеле сами да заработуваат и да не зависат од никого, но неможат. И затоа се надеваат дека  дека нивниот апел за помош ќе стаса до сите хумани луѓе кои ќе овозможат и тие да имаат само основни услови за живот  во пристоен дом.