bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО)„ ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ“ ЕЧЕШЕ ОД СТРУМИЦА!

Со песната „Едно име имаме“  започна протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Колоната ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и раководството на партијата.

Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално ниво. Тој политикански модел се води од лични и партиски интереси. Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. Премиерот лично ја води реформата на праводусниот систем додека во Република Македонија се крши Уставот, се донесуваат порачани судски одлуки, партиски мотивиран прогон, порачаа од протестот.

Видовме какви интриги користат органите задолжени да обезбедат ред и поредок. Немањето идеја како да се  управува со економијата го води стопанството во крах. На сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваа незадоволството и очајот. Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата за лекарите, младите се иселуваат од земјава додека нашиот регион доректно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. Затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во живо: Започна протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица!

Posted by Strumica Denes on Sunday, 8 July 2018