bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ДО МЕДИУМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ!

Почитувани сограѓани драги браќа и сестри. Во спомен на годишнината од погибието на Коле Китанов македонски бранител од 2001 година, денеска Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и Босилово и Здружението на бранители Бедем одржа Панихида во храмот Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Постојано да се сеќаваме на херојството на нашите сограѓани кои загинаа за слободата, верата и татковината како темел на денешнината и светлина за идните генерации.
Да им благодариме и да побараме Господ да им подари Царство Небесно и Вечен помен.