bandr
Василево

Успешно спроведена крводарителска акција во Василево

Вчера во просториите на општина Василево успешно беше спроведена крводарителска акција во која граѓаните на општина Василево како и многупати досега се вклучија и  ја покажаа својата хуманост на дело. Собраните дваесетина крвни единици се потврда за успешноста на денешната акција во која вообичаено учествуваа вработените во општинската адмнинистрација како и вработени во другите општински институции.

„Крводарителските акции се хуман чин преку кој граѓаните доброволно даруваат крв со цел да помогнат во спасувањето на нечиј живот“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој го поддржува ваквиот партнерски начин на организирање на крводарителските акции во кои  општината помага просторно и организациски.

Задоволство од текот и резултат на акцијата изјави и претставничката од Црвениот Крст, Заге Каменчева која изрази посебна благодарност до градоначалникот и општината за  успешната организација на денешната акција.

„ Оваа соработка со општината не ни е прва и истата продолжува и понатаму како на различни проекти така и кога станува збор за крводарителски акции. Затоа упатувам голема благодарност до градоначалникот што ни овозможи да ја спроведеме акцијата овде и до сите хумани граѓани и вработени во општината кои ја искажаа својата хуманост преку дарување на крв“, изјави Заге Каменчева од организацијата на Црвен Крст,  Струмица.