bandr
Спорт

СТРУМИЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ СО ШЕСТ МЕДАЛИ СЕ ВРАЌААТ ОД СПОРТСКАТА ГИМНАЗИЈАДА ВО ТЕТОВО!

Струмичките средношколци од Струмица имаа одличен настап на спортската Гимназијада во Тетово на која сите шест екипи се враќаат со медали. Тие освоија 4 први, едно второ и едно трето место. Фудбалерите и фудбалерките на СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ станаа средношколски шампиони совладувајќи ги во финалето екипите на Никола Стејн (Тетово) и Брицо Скопје.

Одбојкарите на СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ во финалето славеа со 3-1 над М.М БРИЦО СКОПЈЕ а одбојкарките на СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“  со 3-0 го победија Ј.Б ТИТО од Битола.

И ракометарите на СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ го освоија сребрениот медал откако во финалето беа поразени од Нико Нестор Струга, а кошаркарите од истото училиште во малото финале ги победија гимназијата на „Гоце Делчев“ од Куманово и го освоија третото место и бронзениот медал. Честитки!