bandr
Спорт

Струмичкиот „АСТРИОН“ во Бугарија се подготвува за настапот во Првата лига!

Во новата сезона од Првата машка лига на терен ќе има и екипа од Струмица. Се работи за екипата на Астраион која во своите редови ќе има млади ракометари од кои допрва ќе се очекуваат добри резултати.

За да се подготват ракометарите на најдобро можно ниво пред почетокот на сезоната екипата е на еднонеделни подготовки во Бугарија. Ракометарите веќе се наоѓаат во Банско, каде ги одработуваат кондициските подготовки така што е максимално работно во овој тим.

Астраион се наоѓа во групата 2 од Првата машка лига, а за ривали има силни тимови меѓу кои има и фаворити за пласман во Супер лигата. Во групата со Астраион се Металург јуниор, Вардар Неготино, Риниа М, Ѓорче Петров, Куманово, Младост 09 и Текстилец.