bandr
Спорт

Струмица не се откажува од опстанокот!

И покрај тоа што има само три победи во досегашниот дел од сезоната, поранешниот македонски првак уште има надежи дека може да остане во елитата.

Разликата не е голема, Шкупи со натпревар помалку има три триумфи повеќе, а оптимизмот во редовите на Струмица се зголеми по победата против Кожув со 84:82.
По големата неизвесност во текот на целиот натпревар, поените за славје ги постигна Мрковиќ од линијата за слободни фрлања на десет секунди пред крајот. Во последниот напад Пековиќ се обиде да израмни, но не успеа.

Тајус со 20 поени беше најефикасен играч во домашната екипа за која ова е прва победа по речиси три месеци, односно по 21 јануари кога го совлада Карпош Соколи на домашен терен.

На спротивната страна убедливо најдобар играч беше Миладин Пековиќ кому малку ми недостасуваше да дојде до трипл-дабл. Ги одигра сите 40 минути постигнувајќи 29 поени, седум скока и девет асистенции.