Државата дели по 5.000 евра за невработените кои ќе започнат свој бизнис – Еве како да се пријавите

мај 10, 2023

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска го објави повикот за поддршка на Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, до невработените лица.

Со овој повик се охрабруваат невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво)

Право на учество имаат:

– Невработени млади лица до 29 години;

– Невработени лица со попреченост;

– Невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години;

– Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство;

– Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години;

– Невработени лица Роми-мажи до 60 години и жени до 58 години;

– Невработени лица повратници[1]

Сите кои се заинтересирани своето вработување да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), можат да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата

Преку оваа програма заинтересираните можат да добијат:

– oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“

– ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;

– неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари, со вклучен ДДВ;

– грантот ќе се добие на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот;

– финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со попреченост

– советодавна/ менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот ќе се обезбеди и на следниве целни групи:

o лица со попреченост;

o припадници на ромската заедница;

o жени од ранливи категории (приматели на парични права по основ на социјална заштита, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).

o повратници од странство во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп

Рокот за аплицирање во Програмата е до 19.05.2023 година

Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

1. – Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство

2. – Бизниси во дејност од класа 49.32 – Такси служба;

3. – Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муницијач

4. – Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.

5. – Приватни агенции за вработување

По исклучок од Точка 1 и 2, невработените лица со попреченост ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно

– Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

– Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Македонија

Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.

[1] 12 нови бизниси поддржани преку регионалниот проект на УНДП за повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување ќе се формираат во следните селектирани општини: Шуто Оризари, Штип и Прилеп.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ