Денес замрзнување на цената на јајцата и оризот – Бектеши: За Велигден и Рамазан нема да дозволиме поскапување

март 21, 2023

Од денес ќе има замрзнување на цената на јајцата, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Колкава ќе биде замрзнатата цена ќе се знае во текот на денот, а со одлука на владата ќе се ограничи во проценти и нивниот извоз надвор од земјава, бидејќи во моментов е зголемено барањето за извоз на јајца од Македонија кон други држави, поради високата цена во одредени држави. Со оваа одлука Бектеши рече дека нема да се дозволи покачување на цената ниту недостиг од јајца,

Освен јајцата, ќе замрзне и цената на оризот. Што се однесува до брашното и шеќерот, Бектеши соопшти дека според податоците со кои располагаат, цените на овие производи ќе се намалат без да има потреба од мерки. Доколку трговците не го направат ова, тогаш ќе следат дополнителни мерки за цената на брашното и шеќерот.

До сега Владата ги замрзна цените на белиот и полубелиот леб, тестенините и млечните производи. Следниве недели ќе се направат анализи и за цената на месото и месните производи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ