bandr
Спорт

Србинот Чубраковиќ ќе брани за „Пандев“

Душан Чубраковиќ ќе биде голманот на Академија Пандев за претстојната полусезона.

Србинот кој е роден во Ужице, и кој во моментов има 22. години е најновата аквизиција на клубот кој периодов е во интензивна потрага по чувар на мрежата.

Сепак, се работи за специфична позиција во тимот, која патем кај струмичани беше изпразнета летово со заминувањето на Вујанац, но ете истата ќе биде пополнета со негов сонародник.

Чубраковиќ последно има настапувано за тимот на Слобода Ужице, а очигледно се работи за млад и перспективен голман желен за докажување.

Србинот треба да пристигне во Струмица веќе денеска, а колку е неопходен овој потег на струмичани доволно говори што во моментов во ростерот голман е младиот Алчевски кој е роден 2002 година.