Perdormire
Спорт

НЕМАЊА МАТИЧ ИМ ЈАВИЛ И ГИ ПОВИКАЛ ВО НЕГОВИОТ ДОМ ДА СЕ ПОГРИЖАТ ЗА НЕГОВИОТ ИЗГЛЕД – СТРУМИЧАНИТЕ САШЕ И ДОНЕ МАНЧЕВИ СЕ ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО АНГЛИЈА!

Двајцата браќа од Струмица Доне и Саше Манчеви кои веќе подолго време работат во Лондон и се грижат за стилот на големи фудбалски имиња, вчера за прв пат добиле повик од Немања Матич да појдат во неговиот дом во Манчестер и да се погрижат за неговиот стил. Двајцата браќа за Струмица Денес велат дека синот на Матич не останал рамнодушен на изгледот на неговиот татко, па затоа и тој побарал фризура од нив.

„Не знам како да ви го објаснам чувството да бидеш во домот на еден од најдобрите фубалери во Манчестер Јунајтед и истиот тој да ве пречека. Откако се погриживме за неговиот изглед не покани на кафе и рече дека има подарок за нас. Го извади најновиот дрес на кој напиша „За моите пријатели од Barbershop Limited Edition“. Ова е сон на секој млад човек и сакаме секому да му се оствари.“

Инаку, салонот е лично на двајцата наши струмичани кој пред девет месеци беше и официјално отворен во една од познатите улици во Лондон. Немања Матич исто така истакнал дека ќе ги предложи двајцата браќа и на неговите колеги од клубот. Струмица треба да биде горда на овие две млади момчиња кои успешно ја одат патеката која ја замислиле. Браво!

Ознаки