ЕКСКЛУЗИВНО ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: СТРУМИЧАНЕЦОТ КИРИЛ ПАНОВ ОД ДЕНЕСКА И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ЗАИГРА КОШАРКА ВО АМЕРИКА, СЛЕДЕН ПРЕДИЗВИК Е NBA!

октомври 10, 2020

Откако нашиот талентиран струмичанец Кирил Панов ја доби четиригодишната стипендија од елитниот MISSISSIPPI COLLEGE и успешно поминување на сите медицински прегледи, од денеска и официјално Кирил Панов го облече дресот на CHOTCAW BASKETBALL TEAM од MISSISSIPPI во Америка! Инаку, станува збор за екипа која е високо рангирана во елитната универзитетска лига во NCCA во Америка. Според кажувањата на првиот тренер на тимот, искусниот Мајк Џонс, Кирил Панов е профил на плејмекер каков што екипата одамна немала во своите редови и цврство верува дека му претстои блескава кариера во Америка.

„Беспрекорниот шут за 3 поени, хируршки прецизните асистенции и одличната игра во одбрана, се елементите кои ја красат играта на Кирил Панов и се причина што сите веруваме дека успехот е загарантиран. “– изјави Мајк Џонс.

Паралелно со кошаркарските активности, Кирил ќе биде и редовен студент во склоп на MISSISSIPPI COLLEGE на отсекот за Бизнис менаџмент, кој инаку важи за еден од најелитните во оваа сфера во Америка.

„Се’ на се’, концептот е јасен. NCCA е реалност, предизвикот е NBA. Поздрав до сите читатели на најпосетуваниот портал Струмица Денес.“ – изјави Кирил Панов.

Честитки Кирил и само напред!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: