ДЕЧИЊАТА ОД 2010 И 2011 ГОДИНА НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СЕ ДРЖАВНИ ПРВАЦИ!

мај 30, 2023

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ:

Уште два пехари и златни медали во витрините на клубот и нови ликови кои си оставаат длабок траг за историја!

Како и општо во животот, така и во професијата која ја сакаш најчесто си важи тоа – ШТО ПОСЕЕШ, ТОА ЌЕ ЖНЕЕШ!

Претпладнево прво своето финале го играа нашите дечки родени 2️⃣0️⃣1️⃣1️⃣година.

Имавме реприза дуел од ланската година кога противникот го совладавме во борбата за бронза, а оваа година еве се направи и тој додатен мал-голем чекор и се освои врвот!

🔵⚪АК. ПАНДЕВ-ПЕЛИСТЕР🟢⚪ 3️⃣ : 2️⃣

😃🍀🍀🍀👦❤❤❤⚽️🇲🇰😃

Неспорно е дека во екипата имаме добри таленти, деца кои силно ја сакаат таа игра и деноноќно сонуваат со цело срце за и со фудбалот!
Точно дека без материјал нема ни конечен производ, НО еден многу битен момент е дека мора да се работи, работи и изработи!
Кога 2011 генерација останаа целосно предадени на тренер Васко, знаев дека е најдобрата опција за нив од Струмица.
Не велам дека други личности, тренери немаат квалитети, умешности, знаења, лиценци….ама човекот го знам доста добро не само фудбалски туку и како карактер.

Една од најважните особини му е упорна и бескомпромисна работа според своето замислено, не подлегнувајќи на никакви притисоци или замислени авторитети…одвојува време и вистинска пасија и љубов, притоа другите вонфудбалски математики оставајќи ги во сосема спореден план!

Браво за цела екипа. Секоја една алка, секое детенце без разлика на вкупни минути на терен во финалето има свои заслуги и допринос за целата атмосфера и добар дух на тимот, па да се заокружи сезоната со најврвен успех!

Не само што освоија, туку тоа го направија со стил и најдопадлив модерен фудбал!

🎉🎈🎊🧨🍀👦⚽️❤🇲🇰
Што да речеме за 2️⃣0️⃣1️⃣0️⃣ генерација?

МАШИНИ!

Три години уназад, можеби за нијанса уште подоминантни и од 2011 се во својата конкуренција.

Паралела, нешто во стил на Манчестер Сити кои што најмалку 5 години уназад се најквалитетна и атрактивна екипа во светот, но мали нијанси/финеси/моменти влијаат за дали и кога ќе го соберат целиот плод од својата работа и квалитет.

Ланската година нашите момци со предоминантна игра несреќно беа поразени во финале,
ОВАА ГОДИНА – ШАМПИОНИ!

АК. ПАНДЕВ – ФОРЦА СКОПЈЕ 0:0 3️⃣:2️⃣
Повеќе од заслужено!

Зошто уште повеќе ќе ја потенцираме работата на тренерите и напредокот на дечките?

Од оваа генерација пред 10 месеци ни заминаа во белградските великани ( Ц. Звезда и Партизан ) едни од најистакнатите поединци, Матеја и Александар.

Сепак дури и без нив,
останатите, сите до еден лавовски се изборија за тоа кое што го заслужуваат!

Дефинитивно има неколкумина поединци кои без проблем може да се дел уште веднаш во најдобрата селекција на било која светски клуб, но нема да двоиме денес, за чепкање на златото слагалката мора и ја сочинуваат сите ликови.

Сплотеност, другарство, почит спрема тренерот и безусловна поддршка од верните фанови. Сето тоа допринесе за да се заокружи сезоната така прекрасно!

🎉🎊🎈🎉🎊🧨🎊🎉🎈
Честитки и респект и за сите наши противници во двете категории изминативе три дена на терените на ФФМ во Скопје.👍👏👌

Дадоа добар отпор и имаше некои посебно возбудливи и крајно неизвесни натпревари. Дефинитивно македонскиот фудбал има солидна база, само треба правилно да продолжат да се негуваат децата!

Некој можеби ќе рече:
– ок, ок…бравос, но смали доживувањата…тоа се само деца!

Никој не вели дека не се деца и стварно не им се прави ненормален притисок. Но сите заедно, деца и возрасни кога искрено се вложуваат од срце, слатко и ќеифско е кога ќе успеат во своите цели. Се учиме од мали нозе дека најдобро е кога работите во животот поштено си ги заслужите!

Без намера да претерувам и сум премногу субјективен, сепак би рекол – ако по утрото денот се познава, во 2030 година во македонската сениорска репрезентација од нашите генерации 09/10/11 ќе има во најмала рака барем 8 битни играчи на кои цела нација ќе се гордее!
Здравје и среќа нека ги служи пред се!

Чекор по чекор!
Овие денови убаво нека се науживаат и прослават и потоа нека си продолжат во исти стил!

📸 во оваа објава и моја честитка само неколку фотографии!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ