СТАДИОНОТ ЕКСПЛОДИРА: ГРАНДЕ ПАНДЕВ ГО „РАСТУРИ“ ЈУВЕНТУС, ПРВО СО АСИСТЕНЦИЈА ПА ПОТОА ПОСТИГНА И ГОЛ!

март 17, 2019

Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина, најдобриот натпревар сезонава играјќи го токму против шампионот Јувентус. Македонецот влеззе во игра во второто полувреме на местото на Санабрија и блесна во сиот свој сјај, најпрвин асистирајќи му на Стураро за водство од 1-0, а потоа и самиот погодувајќи за 2-0 за Џенова.

„Гранде Пандев“ одлично втрча на додавање на Куаме, силно биеше од петнаесетина метри и го совлада Перин.

Добрата форма на капитенот е одлична вест и за македонската репрезентација, на една седмица пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ