Најлесните колачи од чоколадо и кокос – може да ги направи и почетник во кујна

март 23, 2023

Чоколадо и кокос е комбинација што е неодолива кога станува збор за десерти. За вас имаме рецепт за вкусни колачи од кокос и чоколадо, а нема да ви требаат неверојатни вештини за готвење.

За да ги подготвите овие колачи потребно е само да знаете добро да ги размешате состојките, а за 30-тина минути ќе имате вкусен десерт.

Потребни состојки:

  • Масло за готвење
  • 3 белки од поголеми јајца
  • 135g шеќер
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат сол
  • 350g кокос
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 100g чоколадни трошки

Начин на подготовка:

  • Рерната се пушта да се загрее на 180 степени Целзиусови.
  • Два поголеми плехови се прекриваат со хартија за печење и се премачкуваат со масло за јадење.
  • Во голем сад се мешаат белките од јајца, шеќерот, екстрактот од ванила и солта, додека не се добие лесна пенеста смеса. Потоа се додава кокос.
  • Со лажица за сладолед со средна големина се вадат еднакви топчиња и се ставаат на подготвените плехови со хартија.
  • Колачињата се печат околу 25 минути на 180 степени, а потоа се вадат и се оставаат да се оладат.
  • Чоколадниот прелив се подготвува така што во еден сад на пареа заедно се топат една лажица кокосово масло и 100 g чоколадни трошки.
  • Дното на секое колаче се потопува во чоколаден прелив, а остатокот од преливот се истура врз горниот дел од колачињата.

За да подготвите чоколадни колачи со кокос во истата смеса додадете уште 25g какао и 250g растопени чоколадни трошки.

Деталниот начин на подготовка погледнете го во видеото:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ