Брза пролетна пита со тиквички и пршута од готово лиснато тесто

март 21, 2023

Оваа пита се прави брзо, а уште побрзо ќе се изеде. Крцкаво лиснато тесто во комбинација со тиквички, пршута и моцарела – сигурно ви звучи примамливо?

Пазарите се преполни со пролетен зеленчук, а тиквичките се меѓу омилените продукти секоја пролет.

Најчесто ги подготвуваме пржени или похувани, а овојпат можете да ги искористите за фил во оваа вкусна пролетна пита.

Потребни состојки:

  • 1 лента готово лиснато тесто;
  • 1 поголемо парче пршута (или повеќе парчиња);
  • 150g моцарела;
  • 3 помали тиквички;
  • ½ главица кромид;
  • Сол и масло по вкус;
  • 1 жолчка од јајце.

Начин на подготовка:

  • Се загрева рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Тиквичките се мијат и се рендаат, па се цедат од вишокот течности.
  • Во тава, на средна температура се загрева малку масло и се става ситно исечкан кромид да се пропржи, се додаваат и тиквичките и се посолуваат по вкус. Зеленчукот се пржи кратко додека да омекне.
  • Лентата лиснато тесто се растегнува и едната половина се боцка со виљушка.
  • Тестото се става на претходно обложен плех со хартија за печење.
  • На половина од кората се распоредува пршута, тиквички и моцарела, а потоа се покрива со останатата половина (во форма на затворена пица) и краевите се обликуваат со виљушка.
  • Со нож благо се засекува готовата пита дијагонално за полесно да се испечат состојките внатре и питата се премачкува со жолчка од јајце.
  • Питата се пече околу 20 минути на 200 степени Целзиусови.

Видео упатство:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ