Го славиме воскреснувањето на Христос: За многу години Македонци!

април 28, 2019

Велигден, со кој се слави воскреснувањето на Исус Христос од мртвите, е најважниот верски празник за христијаните. Нарекуван е и „мобилен“ празник затоа што секоја година не паѓа на ист датум, како што е случај со повеќето верски празници. Всушност, христијанските цркви на Запад го слават Велигден во првата недела по полната месечина веднаш по пролетната рамноденица на 21 март.

Оттука, Велигден може да падне некаде помеѓу 21 март и 25 април секоја година. Православните христијани го користат јулијанскиот календар за да пресметаат кога ќе дојде Велигден и вообичаено го слават празникот две недели по западните цркви, кои се раководат според грегоријанскиот календар.

Точното потекло на името за овој верски празник не е познато. Некои извори тврдат дека зборот Велигден (на англиски Easter) доаѓа од Еостре, која била прагерманска божица на пролетта и плодноста. Други, пак, велат дека Истер доаѓа од латинскиот збор хебдомада алба или бела недела, прастара насока за велигденската седмица и заради белата облека што ја раздавале луѓе кои биле покрстувани во тоа време. Заради грешка во преводот, овој термин подоцна се појавил како езостарум на старогорногермански, а подоцна евентуално се претопил во Истер на англиски јазик.

На шпански јазик, Велигден е познат како Паскуа; на француски е Паскес; овие зборови произлегле од грчкиот и латинскиот збор паша и паш, кој значел премин. Распнувањето на Христа на крстот и воскреснувањето се случиле откако тој заминал за Ерусалим за да го слави Преминот (или Песах на хебрејски), еврејски празник во спомен на егзодусот на прастарите Израелци од ропството во Египет. Оттука можеби почнал да значи Велигден (Истер).

Велигден е всушност една цела сезона во христијанската црковна година, како спротивност на еднодневно празнување. Велигденскиот пост, кој е четириесетдневниот период што воведува во велигденската Велика недела, е време на длабоки мисли и самопокајување и ги претставува 40-те дена што Исус ги минал сам во дивината пред да ја почне својата пророчка мисија, во време кога христијаните верувале дека тој преживеал разни искушенија од ѓаволот. Денот пред почетокот на велигденскиот пост, познато како Марди гра или Мрсен четврток, е последниот ден за гозба и забава пред постот да почне.

Седмицата пред Велигден е позната како Света седмица, и ги вклучува Величетврток, со кој се одбележува последната вечера на Исус со неговите ученици; Велипеток со кој се одбележува денот на неговото распнување, и Велјасабота, која се фокусира на транзицијата помеѓу распнувањето и воскреснувањето. Пеесетдневниот период што доаѓа по Велика недела е наречен велигденски празник и вклучува славење на воздигнувањето на Исус на небото.

Како прилог на религиозното значење на Велигден, тоа има и своја комерцијална страна и заради тоа во продавниците секоја пролет се појавуваат статуетки со бонбони и фигури на животинки од манчмелоу (топен шеќер и желе). Како и со Божик, со текот на времето се појавиле разни народни обичаи и пагански традиции, меѓу кои се велигденското јајце, зајачиња, кошничките и слатките, кои станаа стандарден дел од овој свет празник.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ