bandr
Спорт

Пелистер на пенали ги елиминира „Пандевци“ и избори ново финале во Купот

Пелистер е вториот финалист на македонскиот фудбалски куп, а за пресметка за трофејот со Шкендија, битолчани се изборија преку подобро изведување пенали на реваншот со Академија Пандев. Ова ќе биде реприза на ланското финале и можност за Пелистер да го одбрани трофејот.

Гостите допатуваа во Струмица со предност од 2:1, па иако преку Марковски дојдоа до посакуваното водство во 62. минута, Академија Пандев успеа да се врати во натпреварот. Атанаскоски во 73 и Крстовски во 90. минута направија целосен пресврт, што значеше дека вториот финалист во Купот ќе биде решен со изведување пенали.

Пенал серијата траеше повеќе од десет минути, а по многуте промашувања, на крајот Пелистер успеа да победи со 3:2 и да почне да го слави новото финале во националниот Куп.

Пенали за „Пандевци“ реализираа само Атанасов и Чешмеџиев, додека за Пелистер реализираа Коњарски, Трифуновски и Маркоски со чиј погодок започна славјето на гостите.