bandr
Култура

ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ-СТРУМИЦА СО ЕДНА НОГА СЕ ВО КВАЛИФИКАЦИЈАТА ЗА БАЛКАНСКОТО И ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

На планината Водно на 31.03 и 01.04.2018 година,се одржа Првото коло од Лигата во планинарска ориентација, во организација на ДПС Трансверзалец-Скопје и Федерацијата на планинарски спортови на  Македонија(ФПСМ).

Натпреварите се бодуваат и представуваат квалификации за Балканското првенство, што ќе се одржи во септември во Македонија и Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија.

 

ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ Струмица , зеде учество во Лигата со 3 (три) екипи и постигна голем успех.

-Во категорија Јуниори од 14-16 години го освои Второто место.

-Во категорија Јуниори од 16-18 години го освои Првото место и

-Во категорија Вeteraни го  освои Првото место

Со постигнатите резултати,ориентирците се на добар пат да се квалификуваат за Балканското и Европското првенство!