bandr
Спорт

„Пандевци“ му дадоа 14 гола на второлигашот Детонит, но останаа без Дончев

Екипата на Академија Пандев извојува висока победа од 14-1 на контролниот натпревар против новиот второлигаш Детонит од Радовиш.

Покрај головите, мечот беше одбележан со повредата на Глигор Дончев, фудбалерот на „пандевци“, кој на пет минути до крајот заработи незгодна скршеница на зглобот.

Прволигашот од Струмица денес го дозна противникот во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, а тоа ќе биде повратникот Македонија ЃП.