
Струмичкиот диџеј и продуцент Ѓорѓи односно „Mavichi“ (@djmavichi) име кое е доста познато помеѓу струмичката публика објави нов ремикс на песната „Liar“ од Camila Cabello. Ремиксот е за сите љубители на хаус музиката која е вистински тренд деновиве.
Имено ремиксот е веќе поддржан од продуцентската група „Djs From Mars“ кои веќе бројат над пола милион следбеници на Инстаграм и Фејсбук заедно. Ова не е првпат за Ѓорѓи да биде поддржан од големи имиња, тој исто така ја има добиено поддршката на еден од најдобрите продуценти во Македонија Стефан Додевски и продуцентското дуо наречено Дуоз.
Слушнете го новиот ремикс на YouTube и не заборавајте да ја дадете вашата поддршка на нашите таленти.